Даниел Стефановски изминатиов викенд дебитираше во Глори на настанот Глори Колишн 7 во Арнем, Холандија, но не во неговата вообичаена категорија до 85 килограми, туку настапи со 95 кг. Тој се соочи Бахрам Раџапзадех од Азербејџан и загуби со ТКО во првата рунда.
„Ви благодарам за големата поддршка за време на моето деби на Глори. Ќе дадам се од себе за да се вратам уште посилен“, напиша на Фејсбук Даниел Стефановски!
Се надеваме дека од поразот ќе излезе посилен и во неговата категорија ќе покаже што знае, односно ќе им се врати на победите.