Нејт Дијаз сака конфликти, но и гаѓање со шишиња! Погледнете ја синоќешната пресметка со Дагестанците (ВИДЕО)

Покрај тоа што акумулира голем број борби во кафезот под чадорот на УФЦ (27), Нејт Дијаз, исто така, собира борби и на настаните на УФЦ што се одржуваат надвор од кафезот. Се чини дека има посебна љубов да фрла шишиња во насока на оние со кои е во конфликт.

Во 2016 година Нејт Дијаз со неговиот брат Ник и остатокот од тимот дојдоа на прес-конференцијата за реваншот со Конор Мек Грегор. Додека Конор зборуваше Дијаз и неговата екипа влегоа во собата, настана вербална расправија, а неколку секунди подоцна беа фрлени шишиња и лименки. Шест и пол години подоцна, Дијаз се најде во уште една рунда фрлање шишиња. Овој пат се судри со Хамзат Чимаев, кој требаше да му биде противник на настанот УФЦ 279, но борбата не се случи бидејќи Хамзат беше претежок на мерењето.

Нејт синоќа се најде во ново фрлање шишиња, а овој пат на мета беа Дагестанците Ислам Махачев и Умар Нурмагомедов. Имено, вчера се одржа прес-конференција на која беше најавен настанот УФЦ 311, а веднаш по прес-конференцијата на ред дојде свеченото мерење на УФЦ 310 настанот. Ислам Махачев и Умар Нурмагомедов се дел од настанот УФЦ 311, додека врската на Дијаз со УФЦ 310 настанот е всушност Крон Грејси, борецот Нејт ќе биде во аголот. Магомед Зајнуков возврати со фрлање шише, а во дагестанскиот тим можеше да се забележат и Ислам Махачев и Тагир Уланбеков.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО