Илија Топурија во една календарска година го направи она што се мислеше дека никој никогаш нема да може да го направи воопшто. Шампионот во перо категорија ги нокаутира и Александар Волкановски и Макс Холовеј и со тоа заработи голема почит дури и од оние кои дотогаш велеа дека Макс ќе го заврши неговиот поход.
Сепак, Топурија многу брзо се адаптираше, најде дистанца и му го нанесе првиот пораз со нокаут на Холовеј во долгата кариера, а шампионот вчера повторно изрази желба да се бори со Ислам Махачев:
„Морам да донесам некои одлуки токму сега, па не сум сигурен што ќе се случи. Најблиску сум до борбата против Ислам Махачев и тоа најмногу ме интересира. Мојот идеален противник мора да има нешто за што се борам. Ми треба нешто да ме мотивира. Реванш против Волкановски зошто? Веќе го победив“, изјави Топурија за Ел Чиригвито.
„Ме мотивира да земам уште една титула и да се борам за нешто што го гради моето наследство. Тоа е она што ме интересира. Ќе се борам во четврти или петти месец. Многу сум заинтересиран да бидам активен, но губењето килограми навистина ме нервира, да бидам искрен“, додаде тој.
Со оглед на сето она што веќе го направи во својата категорија, тешко е да се негира дека Топурија ја заслужува својата шанса во лесна категорија. Никој не успеал така да ги заврши и Волкановски и Холовеј за толку краток период, па ќе видиме сега што има за него планирано УФЦ. Борбата против Махачев би била ужасно тешка, но така се зборуваше пред секоја негова голема борба досега.