По две злата и сребра за таеквондистите на Европскиот ИТФ куп во Софија, Давид Крстески е херојот на нашиот тим

Два златни и два сребрени медали освоија таеквондистите на МТТФ на Европскиот ИТФ куп изминатиов викенд во Софија, Бугарија.

Медалите ги освоија:

Давид Крстески (-63 кг, У-18- златен медал во борби

Миа Танеска (+55 кг, 10-11 години) – златен медал во борби

Христијана Парулеска (-58 кг, У-18) – сребрен медал во борби

Божидар Димитриевиќ (-92 кг, 18-34 години) -сребрен медал.

На Европскиот куп учествуваа 966 натпреварувачи од 14 земји, а боите на нашата држава ги бранеа 10 таеквондсити предводени од претседателот на Македонската традиционална таеквон-до федерација Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски.

„Херојот на овај Куп е Давид Крстески кој на патот до златото имаше пет победи, првата со претставникот на Бугарија, а потоа со четири натпреварувачи од Украина која е една од најсилните репрезентации во светот, а на Евро купот учествуваа со околу 300 натпреварувачи. Оваа година Давид загуби само една борба во полуфинале на Европското првенство во Копер, Словенија, додека на сите останати натпревари е неприкосновен во својата категорија. Христијана Парулеска влезе во повозрасна категорија 16-17 години, иако нејзината категорија е 14-15 години, но со желба да се подготви за следното Европско првенство, оваа година настапува сите натпревари во повозрасна категорија. Во финалето загуби од словенечката репрезентативка и актуелна шампионка во таа категорија. Миа Танеска докажа дека е апсолутен шампион во нејзината категорија и го освои златниот медал, а Божидар Димитриевиќ го освои сребрениот медал, победувајќи двајца натпреварувачи од Украина. Во финалето во тесна борба загуби од домашниот натпреварувач“, вели претседателот на МТТФ Лазаревски и додава:

„Особени залагања на купот покажаа и Владимир Димитриевиќ, Марио Крстески, Климент Богоески, како и Давид Ристески, Филип Митрески и Јохан Парулески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО