Големото срце на Алекс Переира: Пред четири години неговите родители немаа ниту фасада, а погледнете каква нова куќа им подари

Животната приказна на шампионот на УФЦ Алекс Переира е вистинска инспирација за сите. Од проблеми со алкохолот, работа во работилница за вулканизери, до двократен шампион на Глори и шампион на УФЦ во две категории и моментално најголема ѕвезда во организацијата. Пример е како може да се сврти животот за само неколку години, се разбира, со многу труд и работа.

Немаше многу очекувања за Переира кога беше објавено дека потпишал со УФЦ. Многумина очекуваа дека ќе биде само уште еден кикбоксер кој ќе падне на првиот сериозен тест, но еве, Переира денес е шампион на УФЦ, кој го знаат дури и луѓето кои помалку го следат овој спорт.

И покрај сиот овој успех, Переира успеа да ја задржи приземноста и автентичноста, а најновите вести за него го потврдуваат тоа. Имено, на својот профил на социјалната мрежа Х, Переира сподели фотографија од пред четири години од куќата на неговите родители која немала ниту фасада, а потоа и фотографија од новата куќа која штотуку им ја купил:

https://twitter.com/ChampRDS/status/1863808321238581441

Иако ваквите работи треба да бидат нормални, за жал, кога ќе добијат пари, многумина забораваат од каде дошле и кој им бил најголемиот поддржувач на патот. Переира, пак, не е таков и на своите родители им подари убава нова куќа, па секоја чест за него!

Кога „Поатан“ ќе се бори следниот пат се уште не се знае. Шампионот во полутешка категорија имаше многу активна година и сигурно ќе сака малку да одмори, но познавајќи го, многу брзо би можеле да добиеме најава за неговиот следен меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО