Жилеј Жан и Агит Кабајел ќе се борат за привремената титула на ВБЦ – „Еј Џеј“ ќе го чека победникот

Светскиот боксерски совет даде „зелено светло“ за организација на меч меѓу Жилеј Жанг (27-2-1) и Агит Кабајел (25-0), кој треба да го одреди следниот предизвикувач за светската титула. Симболично ќе биде заложен привремен појас, објави Скај спортs.

Кабајел во моментов е носител на континенталната американска титула, што го става веднаш зад Тајсон Фјури (34-1-1) на ВБЦ ранг-листата. Кинезот е број 4 на ранг-листата, веднаш зад Мартин Баколе (21-1).

Очекувањата се дека победникот од оваа пресметка ќе се бори со Ентони Џошуа (28-4) за еден финален елиминатор пред официјалната шанса за највредниот трофеј.

https://twitter.com/SkySportsBoxing/status/1863540919397498890

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО