Александар Волкановски тренира на брод за време на риболов.
36-годишната ѕвезда стави до знаење дека сака да се бори во февруари во Австралија. На 9-ти февруари Дана Вајт и неговите луѓе го посетуваат Сиднеј. Таму ќе се одржи настанот УФЦ 309, што ќе им даде шанса на повеќе борци да се натпреваруваат. Александар сака да се бори на домашен терен и пред еден месец сакаше шанса за титулата.
Илја Топурија е подготвен да му даде реванш, но веројатно нема да се согласи да оди на „непријателска“ територија. Во февруари минатата година Алекс беше нокаутиран од Топурија во Калифорнија и се раздели со титулата. Волкановски искажа желба за пресметка со Диего Лопез, но само доколку се создаде привремена титула во категоријата.
Топурија не е повреден и нема причина за привремена титула. Сè уште не е познато кој е следен за Алекс, но тој не губи време за тренинзи, дури и кога е на риболов. Еве како Волкановски се подготвува за следната борба под закрила на УФЦ:
Alexander Volkanovski hitting pads while going fishing on a boat 😭
🎥 IG / themadhueys #UFC #MMA pic.twitter.com/unMKFByrdR
— Championship Rounds (@ChampRDS) November 29, 2024
.