Дерек Чисора објасни зошто се плаши за Тајсон Фјури во реваншот против Александар Усик

Големиот британски тешкаш Дерек Чисора го коментираше претстојниот меч меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик кој е закажан за 21 декември во Саудиска Арабија и го откри својот фаворит.

Непоразениот Усик во реваншот ќе ги брани шампионските појаси на ВБА (Супер), ВБО и ВБЦ во тешка категорија, откако кон средината на мај со поделена одлука го совлада Кралот на Ромите.

Се водеше борба за апсолутен светски шампион, а после тоа Украинецот го напушти појасот на ИБФ, кој моментално е во сопственост на Даниел Дубоа.

Неколку недели пред големата борба, Чисора признава дека Фјури има мали шанси за одмазда, бидејќи ги видел и двете во акција за време на спаринг.

„Може ли Тајсон да го победи Александар? Гледам како му оди тренинг кампот. Не знам колку се добри неговите спаринг партнери кои моментално тренираат со него. Имам чувство дека не се голема закана за него, мислам дека се зачудени што воопшто тренираат со Тајсон“, истакнува Дерек Чисора и додава:

„Фјури не може да оди со полн гас на подготовките, а тоа можам да го забележам во спаринг. Но, Усик го прави тоа сосема поинаку. Мислам дека Александар претпочита да започне брзо и да заврши брзо. Ззнае дека сега може да го повреди и ќе се обиде да го стори тоа кога повторно ќе се сретнат во рингот. Постојано вели дека нема да го остави на мира. Би сакал Тајсон да победи, но засега тоа е малку веројатно“.

Чисора не е единствениот кој стравува за Фјури пред реваншот против Усик, на истото мислење е и промоторот Еди Херн.

„Не знам како Фјури може да го победи Усик, но Тајсон е многу паметен борец. Во својот агол има паметни луѓе, но и висок боксерски коефициент на интелигенција. За жал, таков е и Александар Усик. Значи, ми се чини дека Усик е фаворит и во реваншот“, истакна Еди Херн, додавајќи:

„Моето срце сака да го видам Тајсон Фјури како победува. Не само затоа што е Британец, туку и затоа што сакам да организира борба против Еј Џеј. Би сакал да го видам со кренати раце на крајот од борбата, но тој оди во мечот како аутсајдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО