Стефан Цубалевски е нов претседател на Судиската организација при Боксерската федерација

Стефан Цубалевски е нов претседател на судиската организација при Националната бокс федерцаија.

Од денес официјално нов претседател на судиската организација при НБФ е нашиот меѓународно признаен судија со звање боксерски судија со 2 ИБА ѕвезди Стефан Цубалевски. Тој доаѓа на местото на легендарниот боксерски судија Цане Георгиевски на кого мандатот му заврши вчера.

Судиската организација е едно од најважните тела на НБФ. На гласањето кое се оддржа вчера Цубалевски ја доби целосната поддршка и од Управниот одбор и од Судиската организација.

Иако Цубалевски е млад по години, на само 28 годишна возраст станува најмладиот претседател на оваа организација. Сепак, неговата кариера е богата со мечеви, има судено 1123 борби, вклучувајќи го и Балканското првенство во Лозница кое заврши минатиот викенд. Прогласен е за најдобар судија 2019 на Балканското првенство во Турција, како и на Светскиот куп на нациите во 2022 година. Исто така, за најдобар судија е прогласен и на Меѓународниот турнир „Арена куп“ 2023 година. Ова се само дел признанијата кои го говореат за квалитетот на овој судија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО