Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, а сега борец на ПФЛ, Камерунецот Френсис Нгану смета дека сегашниот носител на титулата во УФЦ до 120 килограми, Американецот Џон Џонс, нема потреба да се бори со Англичанецот Том Аспинал. Потсетуваме дека во последната борба, која се одржа на турнирот УФЦ 309 во Њујорк, Џонс со нокаут во третата рунда го победи Стипе Миочиќ.
Така, за прв пат ја одбрани титулата. Многумина очекуваа Џонс да објави крај на кариерата, но тоа не се случи. Во интервјуто по борбата, „Боунс“ откри дека е подготвен да преговара за борба со Аспинал, кој е привремен шампион. Џонс е подготвен да го подели кафезот, но сака толку многу пари што не е важно дали ќе победи или изгуби.
Нгану не гледа поента во тоа Џон да ризикува таква борба бидејќи ќе заработи пари, но ништо повеќе. Аспинал, од своја страна, може да освои се во таква борба.
„Џон Џонс рече дека нема што да добие од борбата против Том Аспинал. И ако ја погледнете ситуацијата, навистина е така. Џон нема да добие ништо од оваа борба освен пари. Од друга страна, оваа борба ќе му даде се на Том Аспинал“, изјави Нгану.