Џон Џонс откри колку долго го вежбал ударот со кој го скрши отпорот на Миочиќ

Американскиот борец со хрватски корени Стипе Миочиќ со пораз од Џон Џонс ја заврши професионалната ММА кариера која траеше 14 години.

На големиот настан на УФЦ во Медисон сквер гарден Боунс го заврши натпреварот со силен ножен удар од вретење кон левата страна од телото на Миочиќ.

Еден од најголемите ММА борци во историјата, се обиде да ја потврди својата доминација со уште неколку удари, но судијата Херб Дин за среќа го прекина дуелот.

Џонс го одбрани шампионскиот појас на УФЦ во тешка категорија, а на прес-конференцијата откри кој го научил на тој удар и колку долго го вежбал ударот со кој го скрши отпорот на Миочиќ.

„Би сакал да му се заблагодарам на мојот тренер по таеквондо Пејџ Бејтс. Пред шест месеци почнавме да го тренираме тој удар, ми доаѓаше дома три пати неделно. Вежбавме три часа неделно. Положив многу време и тренирав за тој удар. Стана побрз и понепредвидлив. Тешко е да се одбрани тоа“, рече Џон Џонс и додаде:

„Го вежбав од двете позиции, го удрив Стипе во левата страна, не во црниот дроб, туку во спротивната страна. Ударот е многу силен и може да го скрши машкото ребро. Поминав часови и часови вежбајќи го тој потег. Брус Ли еднаш рече: „Не се плашам од човекот кој знае да удира 10.000 пати, туку од оној кој вежбал еден удар 10.000 пати“. Го практикував долго време. Тоа беше катастрофален удар“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DEEP MMA & BOXING (@deepmmaandboxing)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО