Стипе се здоби со сериозни повреди по силниот „удар“ на Џонс? Лекарот изрази загриженост

Џон Џонс уште еднаш се покажа како тврд орев во УФЦ-шампионатот, откако славеше во борбата на вечерта, против Стипе Миочиќ.

Борецот со хрватски корени, веднаш по борбата, објави крај на кариерата, која ја заврши со биланс од 20 победи и пет порази. Тој заминува како рекордер на УФЦ со четири успешни одбрани на титулата во тешка категорија и, според многумина, како најголем на сите времиња во тешка категорија.

Пет години помладиот Џонс, во „Медисон сквер гарден“, беше супериорен во секој поглед и заслужено го освои и за првпат го одбрани појасот во тешка категорија, кој го освои пред година и пол, против Сирил Гане, со што ја започна својата потрага по рекордот на Миочиќ. Тој го победи Миочиќ во третата рудна, откако го приземји со силен удар во ребрата.

Познатиот американски лекар што ги анализира повредите на спортистите, Брајан Сатерер, ги објасни на својот јутјуб-канал можните последици кај Миочиќ, по силниот удар во ребрата, кога падна на подот.

„Можеме да видиме дека првичниот удар првенствено беше апсорбиран од Миочиќ. Би бил шокиран доколку не му се скршени ребрата. Исто така, се плашам дека е можно да има оштетен бубрег, бидејќи се наоѓа зад последните две ребра, кои не се поврзани со градниот кош. Покрај бубрезите, постои опасност и за слезината“, истакна познатиот лекар, кој даде првична прогноза околу ударот што го прими Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО