Младост најдобар на таеквондо турнирот „Илинден опен“, следат Бутел и Кобра

Вчера се одржа Меѓународниот таеквондо турнир „Илинден опен кој се одржа во организација на ТК Младост и неговиот предводник Стефан Миленковски, притоа домаќинот Младост го освои првото место, пред Бутел и Кобра.

Младост е прв со 127 бода односно 27 медали – 11 златни, 5 сребрени и 11 бронзени.

Бутел има 115 бода, 27 медали – 8 златни, 9 сребрени и 10 брозени.

Кобра – 96 бода, 22 медали – 7 златни, 6 сребрени и 9 бронзени.

На турнирот учествуваа над 350 учесници од 22 клуба од Македонија и соседните земји

„Натпреварите помина во одлична спортска атмосфера и извонредни борби кој ја прикажаа магијата на овој боречки спорт.

Градоначалникот на Општина Илинден свечено го отвори турнирот и најави дека во иднина повторно ќе биде покровител на спортски настани од овој размер.

Воедно, отварањето беше збогатено со убави зборови од страна на претседателот на Македонската таеквондо федерација, Борче Костовски и Драгана Бојковска, пратеник во собранието на Република Македонија“, вели Стефан Миленковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО