Враќањето на Конор Мек Грегор е планирано за крајот на 2025 година

Враќањето на Конор Мек Грегор може да биде одложено за подоцнежна фаза, најверојатно до крајот на 2025 година, според претседателот на УФЦ Дана Вајт.

Во интервју за The Jim Rome Show, Вајт коментира дека Мек Грегор и Мајкл Чендлер сè уште имаат потенцијал да се сретнат во октагонот, додавајќи: „Тоа е забавна борба. Мислам дека и на Конор и на Чендлер им се допаѓа оваа борба. Кога Конор ќе се врати, што мислам дека ќе биде на крајот на следната година, ќе видиме каде се сите и што се случува и ќе дознаеме кој ќе се соочи со Конор. Затоа сите беа толку возбудени поради тоа. Чендлер и Конор Мек Грегор е забавна борба“.

Одложувањето на враќањето на Мек Грегор не се очекуваше, бидејќи првично беше планирано за 2024 година, но поради повреда и доцнење на неговата подготовка, сега очекувањата се за враќање дури до 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО