Јоанис Филипатос најави напредок на боксот во Македонија и одржување на Европско првенство (ВИДЕО)

Во Скопје во работна посета на Националната боксерска федерација и на Министерството за спорт на Македонија беше првиот човек на Европската боксерска федерација Јоанис Филипатос.

Гостинот беше запознаен со работата на новото раководство на НБФ, Кристијан Андреевски, како и ново избраниот министер во Министерсвото за спорт Борко Ристовски.

Исто така се разговораше за идните планови, соработка и реализација на најавените нови проекти во областа на боксот.

По завршените средби со министерот за спорт Борко Ристовски и претседателот на НБФ Кристијан Андреевски господинот Јоанис Филипатос за националниот сервис изјави дека е задоволен од средбите со водечките луѓе на овие две спортски институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО