Еве колку ќе заработат Џејк Пол и Мајк Тајсон од овонеделниот меч: Во игра е астрономска сума, вака ќе се рапределат

Не делат само три дена од враќањето на легендарниот Мајк Тајсон во рингот, односно ќе го има првиот професионален меч по речиси цели две децении и меч против Кевин Мекбрајд. Во 2005 година Мајк ги закачи ракавиците, барем што се однесува до неговата професионална кариера.

Пред четири години Мајк одработи егзибициски меч против Рој Џонс Јуниор, па во меѓувреме се уште беше во рингот, но тоа не беше професионална борба. Тоа нема да биде случај со овонеделната борба против Џејк Пол, бидејќи мечот ќе биде професионален, иако ќе се води во ракавици од 14 унци и рундите ќе бидат скратени.

Без разлика на апсурдноста на овој меч, сигурно ќе привлече многу гледачи од целиот свет, барем од љубопитност. Тоа го поткрепува и вкупниот хонорар за овој натпревар кој според повеќе извори изнесува вртоглави 80 милиони долари! Што се однесува до дистрибуцијата на истиот, на Мајк му се загарантирани 20 милиони долари, додека на Џејк 40 милиони. Останатите 20 милиони може да бидат наменети за Мајк во случај на победа или пак да одат кај организаторите и другите актери на овој настан.

Иако самиот меч е доста контроверзен, особено поради возраста на боксерската легенда, се чини дека некој решил добро да го плати овој настан. 80 милиони долари за ваков настан се огромна сума на пари, но бидејќи спортот е и забава, ова не треба да чуди премногу.

Им честитаме на заработката и на двајцата, но сепак се надеваме дека мечот ќе помине без последици особено за Мајк. Примањето нови удари од 31 година помлад маж, по бурна кариера и живот воопшто, дефинитивно не е препорачливо, па затоа навистина се надеваме на најдоброто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО