Хамзат Чимаев го прегази Роберт Витакер.
Тие се пресметаа во конаслованта борба во средна категорија на УФЦ 308 во Абу Даби. Витакер задаваше ниски удари, а потоа Чимаев залажа дека ќе го удри, за да ја скрати дистанцата.
Оттаму Хамзат го собори Витакер и почна да го фрла за завршница. Хамзат го удираше и се местеше за зафат, а Витакер успеа да застане на нозе, но повторно беше повлечен на подот. Хамзат продолжи со зафат за завршница, а Витакер во паника се предаде. Така се заврши за 3 минути и 34 секунди.
Роберт покажа на својата вилица, која Хамзат очигледно ја скршил. Победата за Чимаев е 14-та по ред во ММА и 8-ма во УФЦ. Тој посака шанса за титулата против Дрикус су Плесис. Витакер се раздели со две последователни победи. Никој досега не му го направил тоа на Витакер.
„Борз“ се етаблира како неприкосновен предизвикувач за појасот.
KHAMZAT CHIMAEV SUBMITES ROBERT WHITTAKER IN THE FIRST ROUND!!!!!!! OH MY GODDD!!!#UFC308 #UFC #MMApic.twitter.com/qtqzeLgajh
— Championship Rounds (@ChampRDS) October 26, 2024
KHAMZAT CHIMAEV JUST DID THAT! 🤯@KChimaev wins by submission in Round 1!
[ #UFC308 | #InAbuDhabi | @InAbuDhabi | @VisitAbuDhabi ] pic.twitter.com/uh0NuQd2rp
— UFC (@ufc) October 26, 2024