Бобан Илиоски е неприкосновен европски првак во кик бокс

Бобан Илиоски е европски првак.

Нашиот репрезентативец триумфира во финалето на Европското кик бокс првенство за сениори во Атина, Грција, против европскиот првак Полјакот Ерик Нивегловски.

Илиоски ја одбрани шампионската титула и златниот медал од пред две години против и покажа дека е еден од најдобрите европски и светски кикбоксери.

„Полјакот беше Физичи многу јак борец, но му ги најдовме слабите страни. Боби го скенираше од предходните негови борби и примени тактика со која многу не се замараше, а му направи голема предност и го победи“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко и нагласува:

„Боби станува се поискусен борец, проценувајќи ги противниците за кого колку му е потребно да се напрегне за да ги совлада. Се напрега чувствувајќи ја силата, а во исто време и да се чува од повреди. По вторпат е европски првак“.

Покрај златниот медал на Илиоски, Македонија има и бронза кој завчера ја освои Стефан Михајловски.

На ЕП настапуваат 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.

Резултати – Европско првенство кик бокс:

Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Петар Јаман (Хрватска) 3-0 ¼ финале
Полуфинале
Бобан Илиоски – Филис Христос (Грција) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Ерик Нивегловски (Полска) 2-1

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО