Поранешен предизвикувач: Миочиќ е најтешкиот противник за Џонс во однос на борбениот стил

Се поблиску сме до настанот УФЦ 309 и големата борба меѓу Стипе Миочиќ и Џон Џонс. Нивната борба за титулата во тешка категорија ќе биде главна на големиот УФЦ спектакл кој ќе се одржи на 16 ноември во Медисон сквер гарден во Њујорк.

За американскиот борец со хрватски корени и најдобар УФЦ тешкаш во историјата, тоа ќе биде прва борба по повеќе од три и пол години пауза.

Последниот меч на Миочиќ беше во март 2021 година кога загуби од Френсис Нгану со нокаут во втората рунда.

А Џонс имаше малку подолга пауза. Во своето деби во тешка категорија, кога го освои појасот на УФЦ во тешка категорија, минатиот март, Џон го победи Сирил Гане со завршница за само две минути.

Поранешниот предизвикувач за титулата во полусредна категорија на УФЦ Хорхе Масвидал ги кажа своите размислувања за претстојната борба меѓу двајцата врвни борци.

„Тоа е борба меѓу двајцата најголеми. Стипе е еден од најдобрите тешкаши, а сите знаеме кој е Џонс, најголемиот борец во историјата, кој се борел во полутешка категорија“, рече Хорхе Масвидал и продолжи:

„Миочиќ е најтешкиот противник за Џонс според борбениот стил, бидејќи е способен да се бори дефанзивно, а добро боксира и одлично се движи. Но, не вреди да се обложувате против Џонс. Тој ќе најде начин да победи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО