БоксПрофесионален
Артур Абрахам ќе се бори со Рамирез во март
Шампионот на Светската боксерска организација (ВБО), Артур Абрахам, наредната одбрана на тирулата ќе ја има против предизвикувачот од мексикански потекло Жилберто Рамирез. Мечот е закажан за март, не за месец април.
„Во март, ќе се борам со Рамирез. Тој е многу силен борец без ниту еден пораз во кариерата“.
Пред некое време излезе порака дека средбата меѓу нив е на 9 април во Лас Вегас, Невада, САД во МГМ Гранд арена.




