Нгану и Фереира очи в очи! Погледнете ги соочувањата за „Битката на великаните“ на ПФЛ!

Тензијата во пресрет на настанот на ПФЛ наречен Битка на великаните расте по соочувањата кои се случија на прес-конференцијата денеска (четврток, 17 октомври).

Откако одговора на прашања од новинарите на конференцијата, борците за инаугуративната титула во тешка категорија, Френсис Нгану (17-3) и Ренан Фереира (13-3) и борците за женскиот појас во перо категорија, Крис Киборг (27-2 ) и Лариса Пачеко (13-3). Сега останува само мерењето пред самата борба.

Шампионот на белатор во средна категорија Џони Еблен (15-0) исто така се соочи со предизвикувачот Фабијан Едвардс (13-3) пред нивниот реванш во саботата, а поранешниот шампион во Белатор А.Џ. Меки (22-1) се соочи со противникот во лесна категорија Пол Хјуз (12-1).

Ова сигурно ќе биде едно од најголемите и најгледаните шоуа во историјата на ПФЛ, а тајмингот на овој боречки настан е одличен за европската публика имајќи предвид дека шоуто се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.

Во видеото подолу погледнете ги соочувањата и прес-конференција зата саботната „Битка на великаните“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО