Даниел Дубоа би можел во февруари да го брани појасот на ИБФ против Фабио Вардли

Британскиот тешкаш Даниел Дубоа пред нешто повеќе од еден месец со нокаут петтата рунда го победи сонародникот Ентони Џошуа и го одбрани појасот светски шампион на ИБФ.

Сè уште е актуелно, многу се зборува за потенцијален реванш, но ИБФ соопшти дека Дубоа следната година би можел да ја брани титулата против сонародникот Фабио Вардли.

Имено, Вардли неодамна со брутален нокаут во првата рунда го совлада Фрејзер Кларк на голем настан во Ријад, кој го предводеше борбата за апсолутен шампион во полутешка категорија меѓу Бетербиев и Бивол.

Тоа беше 18-та победа во кариерата на Вардли и 17-та што ја постигна со нокаут, а откако дозна дека би можел да биде следниот противник на Дубоа, вели дека е паметно да прави чекор по чекор во кариерата.

„Мора да бидете паметни во изборот на противникот. Треба да знам со кого можам да се борам и како се рангирани. Со секоја борба ја кревам границата. Се надевам на елиминаторска борба, а можеби и на меч за светска титула. Ова е стратешка игра“, вели Фабио Вардли.

И промоторот на Дубоа, Френк Ворен, потврди дека Даниел ќе ја брани титулата во ИБФ против друг предизвикувач доколку Џошуа не е подготвен за реваншот.

„Тој е шампион и ги поставува условите. Даниел ќе ја брани титулата во февруари, а ако не е Џошуа, тогаш ќе биде против некој кој е рангиран меѓу првите пет“, изјави Френк Ворен, додека промоторот на Џошуа, Еди Херн, признава дека на Еј Џеј му треба подолга подготовка за тој реванш:

„Времето е нашата единствена грижа. Многу работи се случија во изминатите недели. Џошуа извесно време не можеше да влезе во рингот. Ако сака да се бори со Даниел во февруари, тогаш треба да започне тренинг камп за три недели. А тоа е веќе тука, идеално би било некаде во мај. Чувствувам дека сè се случува доста брзо“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО