Френсис Нгану: Африка е богата и треба да ја развиеме

Поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану дојде во Европа пред 13 години како илегален имигрант. Камерунската ѕвезда илегално ги премина границите на три африкански земји, криејќи се една година во мароканските шуми, чекајќи го вистинскиот момент да ги заобиколи бариерите против мигрантите.

Подоцна на сплав стигнал до брод на Црвениот крст и со него пристигнал во Шпанија. За просечен човек, таквата рута изгледа како нешто неверојатно, но за африканските мигранти тоа одамна стана норма.

Илјадници бегалци сè уште го наоѓаат патот до Европа на овој начин. Пред неколку години, самиот Нгану зазеде силен проимигрантски став, напаѓајќи ги европските влади дека ги спречуваат Африканците да ги остварат своите соништа и подобар живот.

Но, Нгану неодамна даде долго интервју за Пирс Морган каде зборуваше за ова прашање од неочекуван агол. Тој тврдеше дека Африканците повеќе не треба да се стремат кон Европа, подобро е да останат дома и да го развиваат својот континент.

„Дојдов во Европа како милиони други Африканци, немаше ништо посебно на мојот начин. А Африканците продолжуваат да си го пробиваат патот таму на овој начин. Мислам дека во иднина ќе ги има помалку. Тие гледаат со презир на мигрантите, ги сметаат за лоши луѓе кои дошле да грабнат нешто од мештаните.

Мислам дека ситуацијата ќе се промени. Во иднина сè помалку Африканци ќе мигрираат во Европа. Африка се еманципира, Африканците почнуваат да разбираат многу и повеќе не треба да одат во Европа или други места затоа што разбираат колку е богат нивниот континент. Тие сакаат да останат дома и да го развиваат. Интересно е да се набљудува како се случила оваа промена во свеста. Порано сите сакаа да одат на запад, во Европа, а сега луѓето велат: „Знаеш што? И тука се чувствувам добро. Сакам да отворам бизнис, сакам да го развијам мојот регион“. Имаме богат и необработен континент, овде се може да се направи.

Се што ни треба се луѓе. Отсекогаш не учеле дека има живот само во Европа, но тоа не е точно. Ова ни беше наметнато. Можам да зборувам за себе, поминувам четири до пет месеци годишно во Африка. Сум патувал низ целиот свет и за мене најдобро место е Африка. Сите опции се отворени овде, правете што сакате. Овде ќе отворам бизнис. На Запад конкуренцијата е толку силна што треба да размислите како да добиете барем малку остатоци. Но, во Африка можете да се борите не за остатоци, туку за сè. А Африканците сега го разбираат тоа“, рече Нгану.

Благодарение на кариерата во спортот, Нгану стана милионер. Очигледно сега ќе ги инвестира тие милиони во Африка за да ја развие. Подоцна овој месец, Френсис се враќа во ММА за да се бори со Ренан Фереира во Саудиска Арабија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО