Поранешна ѕвезда на УФЦ за малку ќе се отровеше со најлутата пиперка на светот (ФОТО)

Поранешната ѕвезда на УФЦ, Фелис Хериг (14-10) за малку ќе се отрвеше со најлутата пиперка на светот – „каролина рипер“.

Американката на социјалните мрежи сподели фотографии на кои е во очајна состојба на подот од нејзиниот тоалет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Felice Herrig (@feliceherrig)

Таа признава дека се обложила со нејзиниот брат дека може да се справи со лутата пиперка, но како резултат на тоа завршила на плочките и не можела да стане 15 минути.

Каролина рипер дава резултат од 2,2 милиони на скалата на Сковил, иако Хериг пишува дека е 5,3 милиони, сепак, тоа е највисокото ниво на пикантност во еден прехранбен производ досега.

За споредба, топлите спрејови за самоодбрана започнуваат од 2 милиони на скалата Сковил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО