Абдулрашид Садулаев, двократен олимписки шампион и легенда во борење во слободен стил, се враќа на меѓународната сцена.
Тој ќе учествува на Светското првенство за неолимписки категории што ќе се одржи во Тирана, Албанија (28-30 октомври). „Тенкот“, како што е познат Садулаев, ќе се натпреварува во категоријата до 92 килограми, а за стартната позиција во рускиот тим минатиот месец се бореше со Алан Багаев – 10-7.
View this post on Instagram
Љубителите на борењето со нетрпение ја очекуваат пресметката во оваа дивизија, бидејќи американската суперѕвезда Дејвид Тејлор исто така се насочи кон златото.