Јуниорската таеквондо репрезентација комплетна на СП во Јужна Кореја, прв настапи Христијан Симоновски

Македонската јуниорска таеквондо репрезентација на Светското првенство во Чунчеон-Јужна Кореја од 1 до 6 октомври ќе настапи со четворица репрезентативци, а денес ќе се комплетираат, бидејќи Христијан Симоновски отпатува порано за настапот кој беше вчера.

Боите на Македонија ги бранат:

Андреј Василевски -59 кг (ТК Бутел)
Филип Блажевски -68 кг (ТК Бутел)
Христијан Симоновски -63 кг (ТК Младост)
Дарко Георгиев -73 кг (ТК Бутел)

Прв во Јужна Кореjа настапи рпрезентативецот Христијан Симоновски (-63 кг), член ТК Младост, кој, за жал, загуби во првото коло со тесен пораз од Андрес Густаво Давила Гарсија од Порторико 1-2.

Следните денови ќе настапат останатите репрезентативци предводени од помошник селекторот за младински категории Викторија Спасовка.

Македонската таеквондо федерација целосно ги сноси финансиските трошоци за ова Светско првенство, притоа изразува голема благодарност до Министерството за спорт на Македонија за огромната поддршка на македонското олимписко таеквондо.

Овогодишното Светско јуниорско првенство во таеквондо ќе биде најголемото досега во однос на спортистите што ќе учествуваат, со 963 регистрирани од 127 национални асоцијации членки (MNAs), индивидуални неутрални спортисти (AIN) и Светскиот тим за бегалци во теквондо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО