Пред нешто повеќе од една година Даниел Дубоа го доживеа вториот пораз во кариерата. Британскиот борец загуби со нокаут во деветата рунда од Александар Усик на настанот во Вроцлав.
Тренерот на Дубоа, Дон Чарлс, неодамна жестоко го нападна непоразениот украински борец, тврдејќи дека Даниел го удрил Усик со совршено исправен удар во телото во петтата рунда на тој меч.
Но, судијата оцени дека ударот на Дубоа падна премногу ниско и му дозволи на Усик неколку минути одмор.
Daniel Dubois's trainer Don Charles on Oleksandr Usyk: “Usyk is fake. Exceptional boxer. But he's a fake and a liar and a cheat. He is a guy who says he's a God fearing man, he's always crossing himself. This is going out to Usyk – if you believe in the same God that I do, one of…
— Ring Magazine (@ringmagazine) September 29, 2024
Украинецот закрепнa, го наметна својот ритам и го нокаутира противникот во деветата рунда.
Дон Чарлс и денес не може да се помири со таа одлука и истакнува дека Александар Усик претерал.
Тој тврди дека на шампионот му било дадено премногу време да закрепне, а го доведе во прашање и неговиот интегритет.
„Тоа е спротивно на Усик – ако верува во истиот Бог како и јас, една од десетте Божји заповеди е да не се мами. Нека одлучи дали го обожава Бог или не?“, рече Дон Чарлс и додаде:
„Затоа што заслужи за таква глума заслужи Оскар кога Дубоа го удри и го собори на подот. Повторно нека влезе во рингот против Дубоа“.
А пред евентуалниот меч со Дубоа, непоразениот Усик го чека реванш против Тајсон Фјури. Украинецот во средината на мај го победи Кралот на Ромите во дуелот за апсолутен шампион во тешка категорија.
Во меѓувреме, Усик го напушти шампионскиот појас на ИБФ, кој неодамна Дубоа за прв пат успешно го одбрани во дуелот против Ентони Џошуа, кого го нокаутираше во петтата рунда.