Фјури му се закани на Усик со нокаут: Во вториот меч ќе заврши како Вајлдер, сакам да го здробам

Пред неколку месеци британскиот боксер Тајсон Фјури во меч за неприкосновен шампион во тешка категорија загуби со поделена одлука од Украинецот Александар Усик.

Кралот на Ромите тешко го прифати првиот пораз во кариерата, а по борбата често велеше дека Усик ја има судиската наклонетост поради руската агресија врз Украина.

Тој продолжи да го нарекува Усик аматер и дека не направил доволно за да победи. Сè уште верува дека бил подобриот борец во рингот без разлика што беше соборен во деветата рунда.

Набргу по дуелот нивниот реванш беше договорен за 21 декември во Саудиска Арабија, но овојпат на маса нема да бидат сите шампионски појаси.

Имено, Усик го напушти шампионскиот појас на ИБФ, кој неодамна го одбрани Даниел Дубоа со нокаутирање во петтата рунда на Ентони Џошуа.

На Фјури му претстои интересен период во кариерата, бидејќи со победата против Усик би обезбедил меч против Дубоа за апсолутен шампион, а доколку загуби, тогаш е многу веројатна мега пресметка со Ентони Џошуа.

Но, Џипси Кинг Фјури верува во победата за да може да го надбори Усик и да му врати за поразот во мај, ако ја врати рамнотежата, тогаш има добри шанси да го спроведе својот план.

„Сè уште мислам дека не ме победи минатиот пат, а сигурен сум дека нема да му дозволам да го повтори тоа. Морам да го нокаутирам. Тренирам за да му дадам добар нокаут, ќе заврши како Вајлдер во втората борба. И тогаш реков дека ќе го нокаутирам, и тоа го направив“, истакна Тајсон Фјури и додава:

„Овој пат ќе го нокаутирам Усик, и сакам. Судиите му ја дадоа победата и сега морам да ја исправам. Има смисла да направам реванш и да го вратам она што ми припаѓа. Ништо веќе не ме загрижува, ја поминав таа граница. Веројатно ме разбуди и ми ја врати агресијата каде што сакам да здробам некого“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО