Френк Ворен откри кого го сака за следен противник на Дубоа: Сега е физички и психички позрел

Боксерскиот промотер Френк Ворен е еден од најсреќните луѓе на Островот овие денови, бидејќи неговиот борец Даниел Дубоа го победи Ентони Џошуа.

Дубоа доминираше во британската пресметка на Вембли и го нокаутира Еј Џеј во петтата рунда и го одбрани шампионскиот појас на ИБФ во тешка категорија.

Иако беше најавен можен реванш, шампионот изрази желба да се бори против подобриот од борбата меѓу Усик и Фјури, која беше договорена за 21 декември.

А Ворен изјави дека едвај чека Дубоа да го остави впечатокот што го имаше против Усик во август минатата година, кога Украинецот победи со нокаут во деветата рунда.

„Во овој момент сакам повторно да го гледам мечот меѓу Дубоа и Усик. Даниел сега е поинаков, физички и психички многу позрел“, изјави Френк Ворен и додаде:

„Дубоа ќе биде се посилен и посилен и ќе остане на врвот уште некое време. Тој е млад и ги има сите потребни вештини за да владее во тешка категорија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО