Илија Топурија покажа како се подготвува за Макс Холовеј на УФЦ 308

Илија Топурија покажа како се подготвува за Макс Холовеј.

Двајцата борци се предводници на настанот УФЦ 308 на 26 октомври во Абу Даби. За „Матадорот“ ова ќе биде прва одбрана на титулата во перо категорија. Илија стана шампион во февруари годинава откако го нокаутира Александар Волкановски. Топурија е непоразен и има скор од 15-0 во ММА, а 7 од тие победи се во УФЦ.

Топурија се среќава со една од големите легенди на категоријата, Макс Холовеј. Макс се бореше со сите и во последните години само Волкановски можеше да го победи во дивизијата. Макс сега има златна можност да ја врати титулата додека го држи и појасот БМФ. Холовеј има импресивен скор во категоријата и никогаш во кариерата не загубил со нокаут.

Сепак, Илија верува дека токму тој ќе го запре Хаваецот. Ова е една од најочекуваните и најинтересните борби во годината. Погледнете како Топурија се подготвува за неа:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО