По две победи на Мојсовска и Мицовска на завршниот ден на Карате 1 Серија А во Салзбург

Ангела Мојсовска и Јована Мицовска извојуваа по две победи, а Викторија Јовановска една во последниот дена на Карате 1 Серија А во Салзбург, Австрија.

За жал, и денес нашит е каратисти нема среќа да бидат повлелчеби во репасаж за да можат да го поправат резултатот.

Така, првиот ден, односно тешката артилерија беше најуспешна и блиску до борба за медал, односно за пласман во полуфиналето при резултат 0-0 Стефан Стојановиќ загуби со судиско изјаснување, а забележа четири победи, додека Данило Божовиќ славеше во три меча.

Вчера нашите каратисти во четири настапи не забележаа победа.

Сепак, ова е почеток на сезоната, така што формата треба да оди во нагорна фаза, а учесниците на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција-Италија, од 9 до 13 октомври ќе треба да го искористат месецот за подготовки.

На Карате 1 Серија учествуваа 1313 каратисти од 78 држави.

Резултати – Карате 1 Серија А Салзбург:

– 61 кг
Марија Бунетска – Дарија Шнајдер (Хрватска) 3-4

Викторија Јовановска – Карла Бохнхоф (Данска) 9-0
Викторија Јовановска – Аича Бусеба (Унгарија) 0-1

Вероника Костовска – Ана Вацзи (Словачка) 2-3

Јована Мицовска – Амел Бужерин (Белгија) 5-4
Јована Мицовска – Моника Камареро (Шпанија) 4-0
Јована Мицовска – Наталија Осадчук (Украина)1-8

– 68 кг
Ангела Мојсовска – Адријана Рос (Хрватска) 4-1
Ангела Мојсовска – Анастасија Велозо (Чиле) 4-0
Ангела Мојсовска – Ивона Чавар (БиХ) 1-2

– 75 кг
Петар Заборски – Филип Валгер (Германија) 1-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО