Лука Плантиќ со нокаут во третата рунда го победи Романецот и го одбрани појасот во суперсредна категорија

Хрватскиот боксер Лука Плантиќ убедливо стигна до десетата професионална победа, бранејќи го шампионскиот појас на ВБЦ Интернешнл во суперсредна категорија.

Тандер го победи Романецот Каталин Парашивеан со нокаут во третата рунда на настанот во Келн и го продолжи својот марш кон врвот на листата на предизвикувачи на ВБЦ во категоријата во која доминираше Канело Алварез.

„Најважно е да се искачам на врвот на рангирањето и да одам кон целта“, истакна Лука Плантиќ и додаде:

„Се задржав на тактиката која ја договорив со тренерите. Нашиот план успеа. Веднаш го притиснав и сакав да го натерам што побрзо да го предаде мечот. Така беше“…

Следниот меч Плантиќ планира да го договори за ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО