Младинските таеквондо репрезентативци освоија пет медали на силен Е2 турнир во Белград

Младинските таеквондо репрезентативци на силен меѓународен Е2 турнир во Белград освоија пет медали.

Медалите ги освоија:

Теодор Стојановски – златен, кадети, со три победи над противници од Израел, Бугарија и Украина;

Филип Блажевски – сребен, јуниори, со две победи над Словенец и Хрват;

Андреј Василевски – бронза, две победи над Грк и Хрват;

Христијан Симоновски – бронза, јуниори;

Ведрана Тунески – бронза, кадети, победа над противничка од Израел.

Младинскиот репрезентативен тим беше предводен од помошник селекторот Викторија Спасовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО