Флојд Мејведер се враќа на боксерскиот ринг овој викенд

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер Јуниор, викендов ќе се врати во боксерскиот ринг во егзибициски реванш со Џон Готи Трети.

Двајцата решија да го повторат мечот по хаосот што го направија на првата средба, кога нивните придружници се вмешаа во судирот во самиот ринг.

Втората средба е закажана за ноќта меѓу 24 и 25 август со почеток во 00:30 часот по македонско време, бидејќи настанот ќе се одржи во Мексико Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО