Македонија со четири кикбоксери на СП за кадети и јуниори, а ќе има над 3000 натпреварувачки влезови

Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори започнува на 23 август во Будимпешта, а од денеска е познато дека учеството го потврдија 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачи влезови од целиот свет, односно 68 држави.

Од Македонија се пријавени четири кикбоксери.

На СП треба да настапат Марија Димовска во лоу кик (-60 кг) за млади јуниори, Силвио Мировски (лоу кик, -71 кг, постари јуниори), Максим Митровски (К1, -71 кг, постари јуниори) и Лука Змејкоски (лоу кик, +81 кг, помлади јуниори).

Најмногу претставници ќе имаат Полјаците – 202, а домаќините од Унгарија 200 кикбоксери.

Турнирот ќе продолжи до 1 септември, а распределбата на медалите ќе биде во 123 категории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО