Андерсон Силва: Биспинг е голем тест за мене, по него сакам титула

andersonSilvascreenshjot

Потврдено е враќањето на поранешниот шампион на УФЦ, Андерсон Силва, кој на 27 февруари во Лондон ќе се бори против Мајкл Биспинг. Борбата се чека со големо нестрпление, а Биспинг вчера му фрли ракавица на Бразилецот, потсетувајќи го на неговиот проблем со забранетите средства, заради кои беше отсутен од октагонот.

Силва едвај го чека својот повратнички настап и првата борба по јануари 2015 година, како онаа што беше поништена против Ник Дијаз. Пред тоа забележа порази од Крис Вајдман, кој ја запре неговата серија од 17 победи.

„Јас би сакал борбата да биде во Бразил, но ќе ми биде драго да се вратам во Лондон и да се борам со Биспинг во О2 арена“, изјави Силва.

„Помина многу време откако се борев во Лондон и многу сум возбуден поради враќањето. Верувам дека ова ќе биде голем тест за мене и дека по тоа ќе може да тргнам на шампионската титула“, изјави Андерсон, кој настапуваше во Лондон пред 10 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО