Данов: Кај Егоров се чувствува желба за добар пласман

Владимир Егоров пристигна во Париз на 1 август, а веќе направи и тренинизи.

Егоров на Олимписките игри ќе настапи во категоријата до 57 кгр. (слободен стил), на 8 август од 11.30 часот. Борбите во репасажот се закажани за 9 август (11.00 часот).

Селекторот Боба Данов вели дека Владимир е добро подготвен и очекува добар резултат.

„Егоров се чуствува супер. Ги направи првите тренинзи во олмпиското село на на 2-ри август. Трениравме со борачи од Австралија и Киргистан“, вели Данов и нагласува:

„Кај Егоров се чувствува желба за добар пласман. Со нетрпение ја очекуваме жрепката и борбите. Со Бога напред, очекуваме добар резултат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON