Конор Мек Грегор: Се враќам! Ќе летам во воздухот во атакувачки режим

Конор Мек Грегор, поранешниот двократен шампион на УФЦ, нема намера да чека долго за да се врати во октагонот. Ирецот би сакал да се бори наскоро.

Мек Грегор беше принуден да се повлече од главниот настан на УФЦ 303. Галата се одржа на 29 јуни во Т-Мобиле арената во Лас Вегас за време на Меѓународната недела на борбите. Популарниот „Озлогласен“ требаше да се бори со Мајкл Чендлер во полусредна категорија по тригодишна пауза. Конор се повлече бидејќи го скрши малиот прст на ногата и така борбата повторно беше одложена.

„Озлогласениот“ објави на X изразувајќи желба наскоро да се бори во кафезот. Ирецот не спомна ништо за конкретен противник, но најверојатно тоа ќе биде Чендлер.

„Наскоро ќе се вратам и ќе летам во воздухот во режим на напад“, напиша Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON