Фалкон најуспешна екипа на „Охрид опен“, Хва ранг ИТФ е најдобар македонски клуб

Најуспешна екипа на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2024“ е Фалкон од Бугарија со 21 медал – 9 златни, 5 сребрени и 7 бронзени, потоа следат Тајгер тим 18 (7-2-9), Василена 11 (6-2-3), Некст 11 (6-0-5) и домќинот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид кој беше организатор со Македонската традиционална теквон-до федерација.

Учестваа над 400 натпреварувачи од 31 клуб од 10 земји во регионов, како Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија.

„Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО