Јошитака го слави јубилејот „50 години Летен карате камп“

Шотокан карате до клубот Јошитака од Скопје, поранешна карате  секција Партизан 3 – Орце Николов, каде всушност и почна за прв пат да се вежба карате во 1967 година, годинава од 18.06-27.06.2024г. го слави јубилејот 50 години „Летен карате камп“, како и 30 години од формирањето на Шотокан карате до академија Македонија-Казе Ха.

Првиот камп се одржа 1974 година во кампот на Партизан во Дојран 1974 година и оттогаш во континуитет, како во Дојран, во Берово, Улцињ – Црна Гора, Преспа, Охрид и последните дваесетина години во Сутоморе – Црна Гора, во соработка со ТА Скаут од Скопје.

„Секој семинар изобилуваше со моменти за паметење, нови знаења, познанства, симпатии, љубови и пред се многу вежбање бањање и уживање во дадените моменти“, вели техничкиот директор Симона Трајкоска, носител на мајсторски појас 5 дан!

Досега на семинарите учестувале повеќе од 9000 каратеки кои се имаат стекнато со повисоки појаси на истите. Клубот има обучено 385 мајстори од 1-ви до 8 дан, додека од Академијата во која членуваат повеќе клубови има преку 400 црни појаси на сите нивоа до 8-ми дан.

„Годинава јубилејниот семинар ќе го следат повеќе од 220 каратеки, а тренинзите ќе ги води шихан Живко Тасевски – 9 дан, шеф инструктот и оснивач на Шотокан академијата Македонија Казе Ха, заедно со инструкторите на Академијата, Петре Ристевски, Живко Аварамов, Оливер Милорадовски, Томислав Ивановски, Енес Беговиќ, сите 8 дан, Гоце Андриевски и Ацо Анастасов 6 дан, Мерсиха Беговиќ и Симона Трајкоска 5 дан, како и останатите инструктори на академијата Тијана Зец, Ѓорѓија Т., Илија Димитров, Пулексенија Јованоска и Коста Гогов. На Летната школа по повод јубилејот ќе бидат врачени плакети на сите заслужни тренери и карате работници што школата се уште живее“, вели Трајкоска и додава:

„На сите учесници им посакуваме добри тренинзи и убаво време за дружби и бањање во морето“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО