Френк Ворен: Усик и Фјури сакаат уште една борба, и тоа ќе се случи

По 25 години повторно имаме апсолутен боксерски шампион во тешка категорија. Александар Усик неодамна го победи Тајсон Фјури со поделена одлука на големото шоу во Саудиска Арабија.

Непоразениот Украинец и поранешен неприкосновен шампион во полутешека категорија обедини четири светски шампионски појаси во тешка категорија со триумфот над Кралот на Ромите.

Љубителите на боксот уживаа во одличните 12 рунди од главниот меч на настанот што се одржа пред десет дена во Кингдом арената во Ријад. Фјури беше соборен во деветата рунда, но успеа да се опорави и издржа до крајот на борбата.

Но, на крајот не направи ништо посебно за да ја задржи бодовната предност што ја имаше во првите осум рунди кај судиите.

Фјури веднаш по мечот побара реванш. Во средата стигна информација дека реваншот им е договорен за 21 декември, а не како што првпат беше најавено некаде во октомври.

Менаџерот на Фјури, Спенсер Браун, откри зашто реваншот меѓу Кралот на Ромите и Усик е закажан за крајот на годината.

„Реваншот беше договорен во договорот, но требаше да видиме како ќе се одвива првата борба. Никој не е сериозно повреден, Усик мора да мирува некое време, додека Тајсон е добро“, изјави Спенсер Браун и продолжи:

„Убаво е да се види како ужива со семејството и се дружи со децата. Не е вознемирен поради борбата, можеби направи неколку грешки. Мечот беше тежок, а најправедно ќе беше доколку завршеше нерешено. Верувам дека реваншот ќе биде вистински спектакл, апсолутно полна сала“.

Френк Ворен викендов се враќа во Саудиска Арабија на долгоочекуваниот настан „5 на 5“, но сепак има што да каже за натпреварот меѓу Усик и Фјури.

„Тоа беше неверојатна борба. Најголемиот натпревар на 21 век. Неверојатна борба во тешка категорија. Фјури и Усик дадоа се од себе во рингот. И двајцата сакаат нова борба, и тоа ќе се случи“, изјави Френк Ворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО