Андреа Нисева не го повтори успехот од минатата година кога освои вронзен медал на ЕП во Капошвар, Унгарија. Сепак, причина за тоа е повредата што ја добила по првата борба на Европското првенество за У-15 во Лутраки, Грција, што се одржа изминативе денови (од 14 мај).
„Андереа Нисева во првото коло со борачка од Украина забележа победа 9-0, но, за жал, по борбата се жалеше на повреда на ребрата“, вели нејзиниот тренер од Олимпија Методи Сичков и додава:
„Во второ коло загуби од руска борчака 4-1, во репасажот со Унгарка изгуби 2-1. После борбата веднаш си заминавме, бидејки по мечот со Украинката два дена имаше страшни болки во пределот на ребрата. Но, таа сама одлучи да продолжи со натпреварите. Вчера се вративме, а денес е направен медицински преглед. Сега останува полека да ја закрепне повредата, здравје и сереќа и што побрзо да се врати душекот“.
Од Олмпија веруваат дека Андреа ќе освоеше медал да не беше повредата, а тоа го покжала со супериорноста над Украинката.
Ќе потсетиме дека штипјанката Нисева настапува за репрезентацијата на Бугарија, но од МОК даваат надеж дека таа може и да настапува и за Македонија.