АктуелноБоксПрофесионален
Рој Џонс Јуниор загуби со нокаут од Макаринели (ВИДЕО)
Сништата на Рој Џонс Јуниор зо освојувањето на титулата светски првак во пета тежинска категорија веројатно завршија синоќа во Москва.
Легендарниот Американец е поразен со нокаут во 4 рунда од поранешниот шампион на ВБО во крузер категорија, Енцо Макаринели. Велшанецот прво со аперкат во 4 рунда го осбори Џонс (46 г.) кој не успеа да се опорави и по новиот напад и серијата на удари тој се најде во нокаут.
Џонс последниот поразот го доживеа 2011 година, кога, исто така во Москва, беше нокаутиран од Денис Лебедев.
https://youtu.be/RQ976vk5R9U




