Александар Емелијаненко: Веќе се викам Абубакар (ВИДЕО)

Познатиот руски натпреварувач во мешани боречки вештини Александар Емелијаненко на својата страница на Инстаграм објави видео од патувањето во Медина (Саудиска Арабија), каде што ја посети џамијата Ал-Масџид ан-Набави, која е гробница на пророкот Мухамед.

Во објавеното видео, соговорникот на Александар Емелијаненко го кани да избере арапско име и борецот се согласува.

„Сега треба да изберам арапско име? Изберете го Вие, тоа го оставам на вас. Абубакар? Не гледам ништо лошо во тоа, тоа е прекрасно име. Сега ќе бидам Абубакар“, вели Емелијаненко.

Потсетуваме дека 42-годишниот Александар Емелијаненко ја одржа својата последна борба во мај 2023 година. Потоа го победи  блогерот Евгени Ершов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО