АктуелноБоксДомашна сцена

Досега на „Златен гонг“ се пријавени учесници од 14 држави

На 52-от Меѓунардниот боксерски турнир „Златен гонг“ што ќе се одржи на 11 и 12 ноември во Скопје, досега се пријавени учесници од 13 земји.

Покрај нашите репрезентативци на „Златен гонг“ ќе настапат боксери од: Англија, Шведска, Молдавија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија, Црна Гора, Белгија, Словенија, Косово, Албанија и Полска.

Деновиве се очекува потврда и од Босна и Херцеговина.

Златниот гонг ќе се одржи во спортската сала „Македонско сонце“ при ОУ „11 Октомври“ во Ценатар.

Полуфиналните борби се во сабота со почеток во 15:30 часот, а финалните се во недела во 15 часот.

За прв пат турнирот ќе се одржи без неговиот основач Живко Дуковски кој почина на 22 јануари годинава.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON