Шампионот на УФЦ Александар Волкановски се обиде за минута да го победи шампионот во НБА, Џамал Мареј (ВИДЕО)

Кошаркарот на НБА првакот Денвер нагетс, канадската ѕвезда Џамал Мареј, беше во Австралија каде го посети УФЦ шампионот Александар Волкановски и сакаше заедно да тренираат.
Тие не се иста категорија, Мареј е 25 сантиметри повисок, а и многу потежок од „Александар Велики“, но ја нема техниката на Австралиецот со македонско потекло, па доби неколку лекции по бокс и борење.

Мареј се обложи со Волкановски дека ќе издржи една минута без да биде туширан од него ако се борат. Волкановски го прифати предизвикот и борбата почна. Волкановски се мачеше против далеку покрупниот „противник“, но точно на истекот на минутата, Мареј беше во загубена позиција и даде знак дека се предава.
Волкановски на крајот му призна на Мареј: „Ти си многу подобар во боречки вештини, отколку јас во кошарка“.



