Ердал Факиќ: Димитров може да се бори за златниот медал на Светското првенство!

Edo sam na boriliste

Претстојниот викенд во легендарната Казабланка,Мароко, с еодржува Светското првенство во комбат самбо, на кое што ќе не претставува искусниот битолчанец Ристо Димитров-Чурино.

Edo i Slave

Претседателот на Македонската самбо федерација, Ердал Факиќ, е доста опетимистички расположен за нашето учество на Светското првенство.

„Пред се, нашата цел е да го промовираме македонското самбо, односно комбат самбо. Покажуваме дека покрај спорт самбо работиме и комбат. Од Ристо очекувам добар успех, бидејќи добро вежба и е добар спортист. Имаше добри подоготвки. Пред извесно време имаш борба на ФФЦ 19 во Линц, Австрија. Се надеваме дека може да освои и прво место, бидејќи добро ги работи рачните и ножните техники, а, пред се, има добар партер“, истакнува Факиќ.

Edo vo kimono

Тој вел дека во моментов Димитров е најподготвен.

Нашата експедиција во Казабланка ќе ја предводи претседателот на Федерацијата, Ердал Факиќ, стручниот советник Славе Тодоров и Ристо Димитров. Во исто време ќе се одржи и Конгрес на Светската самбо федерација, со кое ќе раководи претседателот ФИАС, Васил Шестаков. Освен тоа, на СП ќе биде присутна и светската самбо и ММА ѕвезда Федор Емилијаненко и кралот на Мароко, кој директно ја покани Македонија на СП.

Samnbo site vo klubot

По СП во Мароко на 21 ноември нашите самбо борачи ќе настапат на Меѓународното првенсто во Хрватска во спорт и комбат самбо, а во декември на СП за кадети.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО