Александар Волкановски: Се подготвувам за борба со Хабиб 2.0

Австралиско-макеоднскиот ММА борец Александар Волкановски со нетрпение ја очекува борбата со Русинот Ислам Махачев.

Шампионот во перо категорија ќе се бори со Махачев на УФЦ 284 што се одржува на 12 февруари во Перт, Австралија. Александар ќе се обиде да стане двоен шампион, бидејќи борбата ќе се води за титулата во лесна категорија. Махачев за прв пат ќе се обиде да ја одбрани титулата.

Волкановски е најдобар борец во УФЦ, без разлика на тежинската категорија. Борбата е историска за него и верува дека ќе излезе како победник.

„Имам можност да станам еден од најдобрите во моментов. Можам да влезам во историјата како еден од најдобрите. Толку ми е важна оваа борба.

Велите дека не треба да се борам со него, но тоа е глупост. Ви ги кажав причините зошто се борам со него. Луѓето мислат дека овој човек е непобедлив. Запамете го ова. Запомнете го ова, кога судијата ќе ми ја крене раката.

Запомнете луѓе, ова е Давид против Голијат. Ова сум јас. Се подготвувам за средбата со Хабиб 2.0. Не сакам луѓето тоа да ми го одземат од наследството“, изјави Волкановски за официјалната веб-страница на УФЦ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diaz Twins MMA (@diaztwinsmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО