Вардар ги награди борачите за успехот на Изборното првенство за сениори

БК Вардар објави дека ги наградил борачите кои изминатиов викенд освоија медали на изборното сениорско првенство.

Наградата за првото место 300 евра, за второто 150 и за третото 50.

Годинава екипата на Вардар осетно е засилена, покрај првиот ас Могамедгаџи Нуров (125 кг) златен медал на Изборното првенство, во екипата е и Адам Модосијан (86 кг) сребрен, како и домашнито засилувања Аид Салихаси (61 кг) кој освои бронза и Бехар Мамути (79 кг) сребрен, Марко Поповиќ (79 кг) бронза и Марко Андонов (65 кг) – бронза. Кај жените Ерика Крстевска се закити со златниот медал, како и Бојана Лазаревска.

Така, Вардар на Изборното превнство е третото место со 22 бода. Прва е Лирија 2010 со 43 бода, а Балканец 2008 е втор со 35.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО