Јирген Клингер ќе одржи семинар во Прилеп за подобрување на работата на џудо тренерите

Јирген Клингер, експерт на Eвропската џудо унија, ќе го предводи едукативниот семинар „Развој на националниот џудо систем” кој има за цел да ја подобри работата на тренерите во џудо клубовите во Македонија.

Своите знаења и вештини Клингер ќе ги сподели преку праткични примери и вежби, директно на татамите, што ќе биде од големо значење за сите тренери кои ќе земат учество на овој семинар.

Семинарот е во организација на Mакедонската џудо федерација и Mакедонскиот олимписки комитет и техничка организација на ЏК Сеишин од Прилеп. Семинарот ќе се оддржи овој винед во спортската сала при ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО